Промоција на книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски.
Книгата ќе ја промовира Виолета Танчева-Златева, а стихови ќе читаат ученици од скопското основно училиште „Коле Неделковски“.
Поповски е современ македонски писател за деца и возрасни, добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писатели на Македонија за 2016 година. Пишува романи, кратка проза и поезија, преведува и е составувач на антологии и избори. Познати се неговите романи: „Правоаголен круг“, „Љубов со Сесил“, романите за деца „Летувалците од Славино“, „Бакнеж за сеќавање“, збирките раскази „Окото на срцето“, „Мокро куче сува мачка“ и поетските книги за деца „Кнеже еже“, „Проѕевко и дремло“,... Има публикувано голем број наслови меѓу кои „Кула од песок“, „Дивите лебеди“од Андерсон и „Птицата со девет глави“ (приказни од цел свет).
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
