Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
