Променливо облачно и топло - попладне очекувајте силно невреме

Времето ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој кон крајот на денот и во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен. Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 33 степени. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, утре и задутре претпладне.
Поинтензивни врнежи се очекуват во северните и источните делови, вечер и утре кога ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
За време на велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.
Ново на Сител
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
