Променливо облачно и свежо со повремен дожд
Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 21 степен.
И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
