Пролетно собрание на младите европски федералисти
Во Собранието на РМ од денеска до недела ќе се одржи пролетното Федерално собрание на ЏЕФ Европа, во организација на здружението Млади европски федералисти - Македонија (ЏЕФ Македонија) во соработка со паневропското младинско и политичко движење на младите европски федералисти (ЏЕФ Европа).
ЏЕФ Македонија во април минатата година беше избран за домаќин на овогодинешното пролетно Федерално собрание, што претставува клучен политички настан на ова движење.
Република Македонија и Градот Скопје за првпат ќе бидат домаќини на еден ваков настан, на кој се очекува да учествуваат околу сто млади луѓе од речиси 30 европски држави, соопшти ЏЕФ Македонија.
Во рамки на ова Федерално собрание, предмет на усвојување ќе бидат неколку политички резолуции на одредени клучни социо-политички и економски прашања на европско ниво, кои потоа ќе бидат испратени на разгледување до и застапувани пред институциите на Европската Унија.
Собранието, меѓудругото, има за цел да испрати силна порака дека Република Македонија е неизоставен дел од Европа и поради тоа заслужува да биде дел од европското семејство на народи и држави.
Во рамки настанот исто така е планирана е улична акција со учесниците на Федералното собрание, што ќе се одржи во недела. Акцијата е замислена како мирен марш низ центарот на градот, преку која ќе се испрати порака за европското единство и поддршка за евроинтеграциските процеси на РМ и државите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија
-
Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени
-
Љутков: Установите од културата сега имаат повеќе пари за програми и проекти зашто буџетот не им се крати за исплата на плати
-
Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027
-
Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
-
Приведени четири странски државјанки во Гостивар поради злоупотреба на туристичкиот престој
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три