Продолжуваат протестите во Кишињев
Неколку илјади лица протестираа денеска, трет ден по ред, во главниот град на Молдавија, Кишињев, со барање за предвремени избори и против корупцијата во земјата, јави ТАСС.
Учесниците во протестите, чиј број според различни извори изнесува меѓу три илјади и 20 илјади лица, ја опколиле зградата на Националната телевизија, која е обезбедувана од полицијата.
Демонстрантите ја обвинуваат државната телевизија дека еднострано ги застапува само интересите на Владата.
Инцијатори на протестите се две проруски партии, Партијата на социјалистите на Молдавија и Нашата партија. Кон нив се приклучи и граѓанското движење „Достоинство и вистина“, кое се бори за поголема транспарентност и одговорност на власта. Претставници на демонстрантите влегоа во зградата на телевизијата и по преговорите им беше ветено директно обраќање до јавноста.
Демонстрантите во средата упаднаа во зградата на Парламентот, откако пратениците ја избраа новата проевропска Влада, предводена од премиерот Павел Филип.
Ново на Сител
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило