Продолжуваат активностите за конзервација и реставрација на Златковата кула во Кратово

Стручните екипи на НУ Конзерваторски центар интензивно работат на подготовките за почнување на работите за реализација на проектот за конзервација и реставрација на Златковата кула во Кратово, значаен споменик на културата од 14 век.
Во согласност со проектот, ќе се почне со реставрација на ентериерот на кулата и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово, како и реализација на проектот за електрика и илуминација. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на годинава.
Златковата кула, на која претходно беше извршена конзервација на архитектурата, претставува градба на три ката, а името го добила според последниот сопственик, Ѓорги Златков. Според проектот, во кулата ќе биде отворена сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно-информативен центар, како и спомен-соба со постојана историска поставка посветена на македонскиот православен светител св. Ѓорги Кратовски.
Претходно во Кратово беше извршена реконструкција на Саат-кулата, како и ревитализација на Симиќевата кула, која е веќе отворена за јавноста и во која е изложена постојаната поставка „Карпошово востание 1689 година“.
Проектот за конзервација и реставрација на Златковата кула се реализира со поддршка од Министерството за култура и со грантот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
