Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.
На претходното рочиште, Судот ја одложи главната расправа со образложение дека на обвинетите и нивните бранители треба да им се овозможи дополнително време за увид во доказниот материјал и подготовка на одбраната.
Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски тогаш посочи дека обвинетите треба да имаат доволно време да се запознаат со доставените докази и да предложат свои докази за натамошниот тек на постапката.
Во предметот обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.
Според обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. На обвинетите им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, и натаму е недостапен за органите на прогонот, додека за Груби Обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
