Продолжува судењето за „Поткуп“
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судењето за случајот „Поткуп“, во кој премиерот Зоран Заев, во својство на градоначалник на Струмица, е обвинет дека наводно побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
На последното рочиште одбраната на Заев побара изземање на снимките од Посебните истражни мерки објавени на Ју тјуб.
Заев по рочиштето кое беше на 27 јуни изјави дека неговата намера е целосно почитување на судот и судските решенија и одлуки, како и дека се надева оти ќе се работи брзо и ќе се донесат одлуки, за, како што истакна, на крајот и тој како и сите граѓани да ја дочекам правдата.
Со одбраната, како што рече, размислувале дали да ја објават целосната снимка за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што се одлучиле да ја искористат втората можност што им ја дозволува законот.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот