Продолжува судењето за „Дива населба“ зад затворени врати
Ново судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ денеска продолжува во големата сала на Врховниот суд. Судењето е затворено за јавноста бидејќи ќе бидат презентирани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Засилени безбедносни мерки во и околу Судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу Судот го надлетуваа и полициски хеликоптери.
Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори