Продолжува со работа 131 собраниска седница
Во Собранието денеска ќе продолжи 131. седница на која треба да бидат разгледани повеќе точки, меѓу кои и Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог за огласување именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за зкандалот со Клиниката онкологија, избор на директор на ОТА, Предлог на одлука за распишување јавен оглас за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Проектот за заеднички железнички граничен премин-Табановце, по скратена постапка и други.
Во рамки на 131. седница вчера беше изгласан новиот Деловник на Собранието, што ќе се применува од следниот парламентарен состав.
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето