Продолжува дебатата во Собранието за извештајот на СЈО

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава.
На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.
Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела.
Извештаите на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и на закажаната за денеска напладне 120 пленарна седница.
Во Парламентот за денеска се закажани и седници на Комисијата за финансирање и буџет, на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија и на Законодавно-правната комисија.
Комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија треба да расправаат за предлог-законите за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Кредитната банка за обнова („KFW“) по Договорот за кредит за Проектот за наводнување на јужниот регион на Вардар, по скратена постапка и на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II“, по скратена постапка, во второ читање. Законодавно-правната комисија треба да го разгледа и Предлог - законот за дополнување на Законот за водостопанство, по скратена постапка, во второ читање.
На седницата на Буџетскиот совет на Собранието на дневен ред е Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година, во второ читање.
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
