Продолжен притвот за сообраќајката кај ТЦ „Зебра“

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по предлог на Основното јавно обвинителство му ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена на Б.Б., кој ја предизвика сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска – Павловска.
- Основното јавно обвинителство до Основен суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден достави обвинителен акт за сообраќајната незгода што се случи на 7 јули кај трговскиот центар „Зебра“ во која животот го загуби Сузана Тодоровска – Павловска. Обвинителниот акт е поднесен против лицето Б.Б. за кривичното дело „тешки дела против имотот и безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик, како и предлог против истото лице за продолжување на мерката притвор, се наведува во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Обвинителниот акт, како што е посочено, е распределен на совет за оценка.
- Воедно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по предлог на Основното јавно обвинителство, ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена сметано од 06.08.2015 година до 05.09.2015 година поради тоа што се уште постојат основите за определување на притворот, околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело, предвидени во чл.165 ст.1 т.1 и т.3 од ЗКП, се вели во соопштението од Судот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
