Приврзаници на ИД ликвидираа најмалку 30 цивили во Авганистан

Авганистански талибанци поврзани со групата Исламска држава (ИД) синоќа убија најмалку 30 цивили, вклучувајќи и деца, кои претходно ги киднапирале во централната провинција Гор, соопшти денеска провинцискиот гувернер Нариз Хазе.
Тој нагласи дека убиствата биле извршени како одмазда за смртта на еден локален командант на ИД.
- Авганистанските сили за безбедност, со помош на локалното население вчера спроведоа операција за време на која беше убиен командат на ИД, наречен Фарук. Како одмазда на убиството џихадистите, киднапираа триесетина селани, од кои повеќето овчари. Нивните тела изрешетани од куршуми беа пронајдени изутринава од локални жители, изјави Хазе.
Друг претставник на властите во провинцијата изјави дека извршителите на злосторството се членови на отцепена талибанска група, која минатата година се заколнала на лојалност на огранокот на ИД во Авганистан.
Владините сили во меѓувреме ликвидирале најмалку 45 борци, вклучувајќи 19 терористи од ИД во источната провинција Нангархар.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
