Приведени три лица од Скопје, пронајдени 100 стебла - насади „канабис сатива“ | ВИДЕО
На 16.06.2021 околу 18.00 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале „канабис сатива". На локацијата каде што биле затекнати, биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива", дел засадени во земја, а дел во саксии.
Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а по насоки од Јавен обвинител лицата биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
