Приведени три лица од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол
Денеска (10.05.2025) во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(28) од с.Биљановце, кумановско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Исто така, денеска (10.05.2025) во 01.55 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(42) од с.Доброшане, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Денеска (10.05.2025) околу 03 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(28) од с.Табановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко