-->
-->
Приведени скопјани кај кои е пронајдена марихуана
-->

Полицијата приведе четири лица од Скопје кај кои е пронајдена марихуана. Според МВР, се работи за К.Б.(26), А.И.(23), Е.Г.(20) и С.Т.(19). При контролата, сите се пресретнати на различни локации во градот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Скопје на 29 август во 00:40 часот го привеле К.Б. на кејот „Димитар Влахов“ зашто при извршениот преглед кај него пронашле пакувања со прашкаста материја и екстази, додека А.И. е приведен истиот ден, но во 13.30 часот на улицата „Босна и Херцеговина“ зашто поседувал марихуана. На 29 август се приведени и Е.Г., како и С.Т., едниот во 17.55 часот на улицата „Февруарски поход“, а другиот во 22.40 часот на улицата „Лихнида“. Кај двајцата е пронајдена марихуана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
