Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана.
Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
-

Објавен годишниот конкурс за финансирање проекти од културата
-

Преглед на вестите од светот
