Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двајцата од села во тетовското подрачје, по пријава за кривично дело поврзано со сексуално насилство врз малолетничка.
Како што информираат од полицијата, пријавата била поднесена вчера околу 16:45 часот од страна на 62-годишно лице, баба на оштетената девојка. Според неа, 58-годишниот осомничен извршил кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба врз нејзината малолетна внука.
Според пријавеното, настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната девојка се враќала од Тетово со комбе управувано од осомничениот, при што, наводно, со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа.
По одреден период, малолетничката го споделила настанот со својата 37-годишна мајка, која во тој момент била во врска со осомничениот. Сепак, според информациите, мајката не го пријавила случајот.
Двете лица се задржани во полициска станица, а за настанот е известен јавен обвинител. Од Минитертвото за внатрешни работи велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
