Приведени двајца малолетни крадци, признале три кривични дела

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар по преземени мерки и по распишана телеграма вчера лишиле од слобода еден малолетник од Скопје и еден малолетник од Струмица, сместен во установа за згрижување деца во Козле.
Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека во периодот од 4 до 26 септември извршиле неколку кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Карпош.
Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници признале три кривични дела, и тоа на 4 септември на ул.„Никола Парапунов“ извршиле тешка кражба во правен субјект, на 26 септември извршиле тешка кражба во пекарница, а одзеле и два велосипеда, сопственост на едно лице.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ЕВР Карпош ќе поднесе соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
