Приведени двајца криумчари на мигранти на излезот од Гевгелија
На 29.04.2022 во 20.30 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо“, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него биле откриени 7 лица мигранти од Сирија.
Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица.
На 30.04.2022 околу 02.00 часот бил фатен и лишен од слобода и возачот од „сеат толедо“ - О.И.(21) од с.Црвена Вода, општина Студеничани. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг“ Гевгелија.
Ново на Сител
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим