Приведени 12 дрвокрадци во струшко, фатени при бесправна сеча на дрва
Вчера во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, преземени се координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи - Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП,,Национални шуми“ при што лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на РС Македонија.
Според информации на МВР, тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири.
Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
