Приведен скопјанец за нелегално поседување оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривичнa пријавa против К.Ч.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на наплатната рампа кај село Глумово, вчера полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле преглед на К.Ч., при што биле пронајдени еден пиштол „Црвена застава“ со една рамка и осум куршуми, една празна рамка и една празна кутија за муниција. Пронајдените предмети, соопштија денеска од МВР, биле одземени и дадени на вештачење, а К.Ч. бил лишен од слобода и задржан во Полициското одделение Сарај за понатамошна постапка.
По извршени проверки, било утврдено дека лицето не поседува соодветна дозвола за поседување оружје.
Во врска со настанот бил известен јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
