Приведен скопјанец, испраќал гласовни пораки со заканувачка содржина до сограѓанин
Полициски службеници вчера уапсиле скопјанец откако на сограѓанин преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 16:15 часот во Скопје, по преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода А.И.(24) од Скопје. Тој бил пријавен околу 13:00 часот од 56-годишен скопјанец дека преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина, посочуваат од МВР.
Во соопштението од Министерството наведуваат дека во координација со Јавен обвинител лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок, поради основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
