-->
-->
Приведен разбојник кој вооружен со пиштол ограби аптека во Ченто
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(40) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво, предвидено и казниво согласно чл. 237 од КЗ на РМ. Д.М. кривичното дело го извршил на 09-ти овој месец во 19,20 часот, во аптека лоцирана на улица “Маџари“ во скопската населба Ченто, на тој начин што влегол во аптеката, дошол до работниот пулт и со закана со
пиштол кон вработената ги одзел парите од касата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 18.900 денари.
По преземени мерки и активности и со издадена наредба, извршен е претрес во домот на Д.М., при што е пронајдена облеката која пријавениот ја носел при извршување на кривичното дело и Д.М. е приведен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг