Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Министертвото за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го привело поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.
- Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка превзема дејствија во рамки на негова надлежност, при што лицето кое што го споменавте е приведено од страна на МВР, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по отворање на реконструираната полициска станица во Бутел.
Тој истакна дека повеќе детали за предметот ќе бидат соопштени во најскоро време.
- Во текот на денешниот ден постапуваме во соработка со Јавното обвинителство, по нивни напатствија, така да во овој момент не би можел да издвојам повеќе детали во врска со овој предмет. Ќе следат за кратко информации во јавноста и од страна на МВР и од страна на ЈО, рече Тошковски.
Тој посочи дека МВР заедно со ЈО покажува дека можело поинаку да се функционира од она што било честа пракаса во минатото во однос на борбата против криминалот и корупцијата.
Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен.
Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги штити имотните и други права и интереси на државата.
Во последниот период Фехми Стафа работеше како адвокат, а беше и меѓу пријавените кандидати на последниот јавен оглас на Собранието за избор на член на Судскиот совет.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
