Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а и шест кривични дела – „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
- Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. Кога детето паднало на земја тој започнал да ја влече по улицата. Кога родителите на девојчето пријавиле во полиција, шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, но осомничениот им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух, соопштија од Јавното обвинителство.
Осомничениот се дал во бегство и бил недостапен два дена.
Како што потенцираат од Јавното обвинителство, по неговото приведување во полициска станица, осомничениот продолжил да им се заканува на полицајците, поради што обвинителот оцени дека постои реална опасност тој да ги доврши кривичните дела доколку биде пуштен да се брани од слобода. Исто така, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор и поради опасност од бегство.
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
