Приватен авион принудно слета во Албанија

Приватен авион принудно слета во Албанија откако националната служба за цивилна авијација соопшти дека леталото немало дозвола за прелет преку албанскиот воздушен простор.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви.
Веста за паѓањето на авионот, во близина на местото Ишем, прв ја соопшти поранешниот албански министер за внатрешни работи Фљамур Ноја, тврдејќи дека леталото пренесувал дрога .
На тврдењето на Нока веднаш реагираше актуелниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, кој изјави дека авионот принудно слетал поради дефект.
Албанската служба за цивилна авијација објасни дека барање за дозвола за прелет на албанскиот воздушен простор се поднесува 48 часа претходно и оти е потребна обемна документација.
Обвинителството за сериозен криминал почна истрага против италијанскиот пилот Гуидо Андреа Гуиџи (69), под сомнение дека е дел од поголема мрежа за шверц на дрога.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
