-->
-->
Притвор за дадилката која малтретираше бебе - Таа се брани дека не е виновна
-->

Основниот суд Скопје 1 и одреди триесетдневен притвор на дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе. Случајот беше обелоденет вчера попладне кога обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе.
Родителите на деветмесечниот Даријан ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.
По соопштението на Обвинителството тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.
„Оваа жена-монструм "се грижеше" за Даријан 5 месеци, а ова видео е од само еден ден... Камерата ја постави брат ми, со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата. Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата .На ова никој нема да остане рамнодушен!“ - напиша тетката.
Дадилката пред судот тврдела дека не е виновна, а нејзиниот адвокат Ванчо Митев, кој исто така се огласи преку Facebook, напиша дека снимката била незаконски прибавена.
„Истакнав приговор дека притворот се бара брз основа на доказ кој е незаконски прибавен и со тоа судијата е должен веднаш да го издвои. Впрочем истиот суд пред кратко време за друг познат случај зазеде таков став, но како ќе одлучи во овој случај ќе видиме“, напиша Митев кој се претставува како адвокат на обвинетата, алудирајќи на одлуката на судот да ги издвои прислушуваните разговори од „бомбите“ во постапката што се води против високи владини функционери.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано сомнение за сторено кривично дело - Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е определена казна затвор од една до десет години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
