Притвор за 33 годишникот кој изнудил над 18.000 евра со закана дека ќе објави компримитирачки фотографии
Судија во претходна постапка при Основен суд Тетово определи мерка притвор за 33-годишник од тетовска Голема Речица кој во понеделникот беше приведен поради пријава за изнуда на пари.
Според информаците од тетовската полиција определен е осум дневен притвор за осомничениот З. Д. (33) од Голема Речица кој ќе биде спроведен во КПУ Затвор Скопје.
СВР Тетово претходно информираше дека по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З. Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
- Според пријавеното, З. Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку такси возач во Тетово. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на возачот кој подоцна му ги доставувал нему, информираа од СВР Тетово.
Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите