Притвор од 30 дена за три лица за полов напад врз дете
Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на три лица осомничени за полов напад врз дете им определи мерка притвор од 30 денови.
Претходно, по барање на јавен обвинител, кој поведе постапка, на тројцата првично им беше одреден краткотраен притвор од 48 часа. Во Основното јавно обвинителство Гостивар е поведена постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Обвинителството во постапката има основани сомненија дека во вршењето на ова кривично дело учествувале осомничените, но и други лица за кои во моментов се преземаат дејствија за нивно пронаоѓање и идентификација. Детето на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица.
– До овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се лишени од слобода, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање.
Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени. Според првичните информации постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица, наведуваат од Јавното обвинителство.
Детето по наредба на обвинителството е згрижено од страна на Центарот за социјални работи.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка