Приштина: Војската на Косово ќе биде формирана
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели најави дека армијата на Косово ќе биде формира во текот на следните денови и тоа со едногасна одлука на Парламентот.
Како што јави дописникот на МИА, Весели истакна дека стратешките косовски партнери, предводени од САД, ќе продолжат да го помагаат Косово и неговата „армија“, која, според него, ќе биде „најсилниот партнер на НАТО во регонот“.
- Нормално нашите партнери посакуваат да имаше консензус. Трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) ќе се случи врз основа на закон, бидеќи се случи едно недоразбирање. Со закон КБС ќе ги превземе надлежности како армија и ќе биде воена сила каква што заслужуваме како независна и суверена држава. Убеден сум дека ќе биде најпрофесионален партнер во регионот за земјите членки на НАТО. Бидете убедени дека многу набрзо во Парламентот од Владата ќе биде доставен законот и едногласно ќе го изгласаме трансформирањето на безбедосните сили во армија, изјави Весели во Витина.
Весели ја прокоментира и Резолуција усвоена во косовскиот Парламент со која се бара ослобдување на лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај, што се условива со продолжување на дијалогот со Србија.
- Ќе го продолжиме дијалогот со Србија поради тоа што ние не посакуваме војна. Сакаме признавање на Косово како држава од Србија, преку тој процес на дијалог и зацврстување на нашата сувереност. Но,нема да дозволиме за нашата држава и нашите граѓани,една држава која нема никаков легитимитет да се меша во нашите работи посочи Весели.
Претходниве денови, САД, НАТО и ЕУ ги осудија плановите на Приштина за трансформација на Коосвските безбедносни сили во Армија на Косово, без согласност на претставниците на сите етнички заедници.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп