Принс кремиран и погребан на приватна церемонија

Најблиските членови на семејството и пријателите на американската поп ѕвезда Принс, чија ненадејна смрт пред два дена го шокираше музичкиот свет, се простија од него на мала приватна церемонија по кремацијата на неговите останки.
Во чест на Принс, кој беше еден од најценетите уметници на својата генерација, наскоро ќе биде одржан концерт, изјави неговата портпаролка Ана Мичам.
Таа нагласи дека Принс е кремиран вчера и оти нема јавно да биде објавено каде се чува неговата пепел.
- На приватната церемонија на која му беше упатен последен поздрав на Принс присустуваа мала група на неговите најсакани: семејството, пријателите и неговите музичари, наведе Мичам и додаде дека датумот на одржување на концертот во негова чест наскоро ќе биде објавен.
Поп ѕвездата почина во четвртокот на својот имот во Пејзли Парк, во близина на родниот град Минеаполис.
Ново на Сител
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
-

30 деца хоспитализирани на Детска клиника
-

Од Црвениот крст апелираат до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
