Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека ќе се венчаат напролет
Британскиот принц Хари (33) и холивудската ѕвезда Меган Маркл денеска објавија дека нивната венчавка ќе се случи напролет, потсетувајќи дека нивниот однос се развил „неверојатно брзо" по првиот „слеп љубовен состанок".
- Фактот што се вљубив во Меган неверојатно брзо, ми потврди дека коцките се наместија, се беше совршено. Оваа убава жена влезе во мојот живот, јас јас влегов во нејзиниот, рече Хари во ТВ интервју.
Маркл го покажа и својот прстен со три дијаманти, којшто Хари самиот го дизајнирал. По само две средби, тие одлучиле да одат заедно на одмор во Боцвана, а во септември годинава првпат се појавија во јавност во Торонто.
Средишниот дијамант потекнува од Боцвана, а двата странични Хари ги зел од домашната колекција на неговата покојна мајка, принцеза Дајана.
Како и сопругата на принц Вилијам - Кејт, ниту Меган нема да ја носи титулата принцеза, наведуваат британските медиуми.
Актерката во 2011 година беше омажена за филмскиот продуцент Тревор Енгелсон. Тие се разведоа две години подоцна.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници