Примена на GS1 стандардите во текстилната индустрија
Помали трошоци, подобри транспортни и логистички операции, залихи на оптимално ниво, поголема продажба и извозот, се бенефитите од воведувањето на GS1 стандардите во текстилната индустрија.
Нивната примена ќе биде презентирана денеска во Стопанската комора на Македонија, на семинарот „Со GS1 стандардите до зголемена конкурентност на македонската текстилна индустрија“.
Презентацијата организирана првпат во Македонија, во соработка со GS1 Македонија, е можност компаниите од текстилната индустрија да се запознаат со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на деловните процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот.
Предавач на семинарот ќе биде Маркус Милер, германски експерт со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Милер од оваа година е вработен во Меѓународната организација GS1 AISBL - GS1 Global Office во Брисел, како директор за индустриски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци