Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Г.(56), Б.Г.(60), Р.Ф.(56) и Л.М.Н.(46), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување’’ и ,,соизвршителство’’.
Второпријавениот Б.Г., вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Струмица и претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со трето и четвртопријавените, вработени во истото претпријатие и членови на комисијата, во текот на 2021 година спровеле постапка за јавна набавка на стоки - полимер за потребите на пречистителна станица за отпадни води. Од четири пријавени економски оператори, понудата на еден економски оператор од Скопје била со невообичаени ниски цени за одредени стоки, за што не побарале писмено објаснување, предвидено со Законот за јавни набавки и дале предлог да се одбере понудата од тој оператор.
Првопријавениот З.Г. - директор на претпријатието, бил должен да изврши увид дека постапката не била спроведена во согласност со Законот за јавни набавки, но не го сторил тоа и донел одлука за избор на најповолен понудувач, склучиле договор и на економскиот оператор од Скопје му биле исплатени 1.241.699 денари за набавка на стоки за кои што во понудата доставил значително висока цена, додека стоките за кои понудил ниска цена не биле набавени.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
