Пријателска средба и тренинг на Елиф и Урко
Деновиве по враќањето на Елмас во земјава и пред неговото повторно заминување во Италија, тој заедно со неговиот татко дојдоа на посета и пријателски тренинг во Магнус центарот. Ова не е нивна прва средба и прв тренинг. И порано Урко има работено кик бокс тренинг со Елиф.
“Елмас го знам од мал и долги години сме другари со неговиот татко кој ја има најголемата заслуга за неговиот успех. Елмас е прекрасно дете кое е растено во фамилија без пороци во која се негуваат сите човечки вредности: љубов, почитување, култура, одговорност, солидарност. Тој е особено талентиран спортист и исклучително е посветен на фудбалот поради што се откажува од многу удобности што ги нуди животот и особено младоста, но затоа пак е успешен во спортот. Кик боксот му ја подобрува координацијата, моториката и експлозивноста на движењата. Но и интелегенцијата како брзината на умственото размислување изнаоѓајќи соодветна варијанта за изведување на некое сложено движење во стресен момент. Можам да кажам дека Елиф е талентиран и за кик бокс и истиот го владее многу добро. Магнус центарот му стои на располагање за сите негови потреби во спортот“- изјави Дејан Митровски - Урко.
Долгогодишното другарување со неговата фамилија беше причина и за подарок - дрес со неговото презиме што се поклопи и со роденденот на Урко и Урко го прими како драг роденденски подарок.



Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
