Презентирани докази од ПИ мерки на судењето за „Геријатрија“

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.
Во судница беа презентирани докази - фото и видео материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи од средби меѓу обвинетиот Блерим Амити и сведокот на повеќе локации во Скопје, како и од средби подоцна во истиот ден во април годинава меѓу првообвинетиот Мухсин Арифи и Блерим Амити. Во судница беа презентирани и фотографии и видео материјал од средба на 4 април годинава меѓу двајцата обвинети и сведокот, како и од средби на критичниот ден на 8 април годинава кога се врши предавањето на средствата.
На денешното рочиште беше сослушан и сведок, предложен од одбраната на обвинетите, кој рече дека за случајот знае, зошто поранешен колега од претходно додека работел во КПУ Идризово, го прашувал дали го познава Мухсин Арифи, зошто, како што му рекол, имал братучед со многу болна жена за да одат до кај него да прашаат која е процедурата за таа да се прими на Геријатрија.
Сведокот рече дека му рекол дека лично не го знае, а бидејќи го замолил, дека ќе му се јави преку месинџер да го праша дали сака да ги прими. Колегата подоцна му кажал дека директорот ги примил и имале многу убав разговор. Сведокот, како што рече, после тоа нема никаков контакт.
Сведокот, одговарајќи на прашање, нагласи дека ниту се видел, ниту со никого зборел или барал пари за да договори средба со директорот.
Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.
Судењето продолжува на 24 ноември, со испитување на сведоци предложени од одбраната.
Претходно, обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар.
Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.
МИА
Ново на Сител
-

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
-

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција
-

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
-

По невремето во Скопје во Ургентниот центар примени 11 пациенти
-

Мамдани: Нетанјаху е воен злосторник и треба да биде уапсен
-

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“
