Презентирана Стратегијата за рурален развој за Долно и Горно Лисиче 2016 - 2021

Стратегијата за рурален развој за Долно и Горно Лисиче 2016 - 2021 денеска беше промовирана во општина Аеродром.
Неодамна изготвената Стратегија, како што информира општина Аеродром, ќе биде од корист за руралниот дел на општината и претставува појдовна основа за секој индивидуален земјоделец и земјоделско стопанство, кои имаат намера да аплицираат за средства од ИПАРД програмата.
- Целта на Стратегијата, која е изработена врз основа на Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2014 - 2020 на Република Македонија, е да се подготви и насочи стратешкото планирање во областа на руралниот развој, со развиена инфраструктура, воспоставени производствени капацитети во областа на земјоделството и развиена индустриска зона, соопшти општина Аеродром.
Преку реализацијата на планираните активности се предвидува подобрување на конкурентноста на руралните средини, на квалитетот на животот на руралното население, зголемување на приходите, како и создавање нови можности за вработување.
Средствата за изработката на Стратегијата се обезбедени од буџетот на општина Аеродром и од европски фондови преку Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
