Презентација на регистар на потенцијали за рурален туризам
Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Југозападниот плански регион денеска ќе биде промовиран во Струга, а ќе биде воспоставена и Мрежата за инклузивен развој на регионот.
Регистрите на потенцијали за рурален туризам во Југозападниот, Вардарскиот, Североисточниот и во Полошкиот плански регион, Министерството за локална самоуправа ги подготви во соработка со УНДП.
Во рамки на овој проект е подготвена и техничка документација за изградба на четири инфраструктурни проекти за поттикнување на туризмот во општините Дебрца, Чашка, Липково и Боговиње.
Регистарот ќе го промовира државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска – Гугоска. Државниот секретар во Министерството за економија Анета Димовска ќе зборува за мерките на надлежното Министерство за развој на руралниот туризам.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток