Претставници од 25 земји на Самитот „Македонија 2025“

Околу 50 врвни говорници од 25 земји, 400 делегати и 50 акредитирани медиумски претставници ќе бидат дел од 6. Самит „Македонија 2025“ што ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Скопје.
Во фоскуот и овојпат ќе бидат последните трендови од бизнисот, лидерството и иновациите.
На отворањето на настанот ќе се презентираат успешните економски модели на Сингапур и Ерменија преку излагањата на претседателот на Бордот за економски развој во Сингапур Суан Хианг Ли и партнерот во ерменско-руската фондација за економски развој Пјер Гурџијан. Потоа ќе се дискутира за можноста најдобрите практики да се применат во Македонија и регионот.
Сесијата ќе ја предводат Зоран Мартиновски од МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора и извршниот директор во тимот на американските финансиски институции на „Мудис“ Ана Арсов. Најавени се обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.
Попладнето Самитот продолжува со три сесии: за странските директни инвестиции и развојот на локалните добавувачи, за улогата на жените како лидери кон одржлива иднина и за должноста кон татковината.
Според агендата, на втори ноември ќе се дискутира за медиумската и телекомуникациската индустрија, социјалните медиуми и платформи и обновливите извори на енергија.
Една сесија ќе биде посветена на Македонија како центар за паметни индустрии.
Самитот завршува со панел за техонологиите на иднината: Најбрзи автомобили во светот, како и со презентација на можностите за добивање стипендии за претприемништво.
Пред официјалниот почеток на „Македонија 2025“, на 31 октомври, младите иноватори ќе ги презентираат своите бизнис-идеи на натпреварот Get in the Ring. Жирито ќе додели награда од 1.500 долари за најдобриот средношколски тим.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
