Претседателот Пендаровски на средба со делегација на МАНУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со делегација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ, предводена од претседателот Таки Фити.
На средбата, како што информира кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за состојбите во државата, при што било констатирано дека МАНУ има клучна улога во развојот на општеството, преку науката и научната мисла и негувањето и унапредувањето на уметностите.
Од страна на претседателот Пендаровски било истакнато дека е неопходно државата континуирано да ја консултира Академијата за сите суштински прашања од политичката, економската, социјалната и културната област.
Делегацијата на Академијата изразила подготвеност за натамошна соработка во интерес на граѓаните и на државата.
Двете страни разговарале и за тековната работа на Академијата и за потребата од постојано инвестирање во науката како клучен предуслов за одржлив општествен развој на државата. Академик Таки Фити го информирал претседателот за активностите на Академијата кои вклучуваат голем број научно-истражувачки проекти и учество на домашни и меѓународни конференции.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
