Македонија
3. January 2020 - 20:19

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на Владата

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, попладнево ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување избори на пратеници.

Претседателот Пендаровски, како што стои во соопштението од неговиот Кабинет, го честиташе изборот на новиот владин состав и изрази очекување „во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера“.