-->
-->
Претседателот Иванов на ифтар во село Лажани
-->

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов синоќа присуствуваше на втората, завршна вечер на фестивалот на народни инструменти и „Песни Пеце Атанасовски“ што се одржа на Рудина кај Долнени.
На покана од градоначалникот Боше Милошески и од месното население од муслиманска вероисповед во селото Лажани присуствуваше на ифтар, на вечера по зајдисонцето за време на постите.
Честитајќи им го светиот месец Рамазан на жителите од муслиманска вероисповед, од селата Црнилиште, Житоште, Десово, Дебреште и Лажани, Иванов на заедничка маса, им посака блискост во семејството и да помагаат секому кому му е потребна помош.
- Да си помагате, да бидете блиски. На тие што им е потребна помош, дадете им ја, а ако им треба утеха, пружете им ја. Живејте во слога. Во овие времиња ни треба да си помагаме, да бидеме сплотени и единствени, порача Иванов.
Општина Долнени е мултинационална и единствената во која четири јазици се во официјална употреба: македонскиот, албанскиот, турскиот и бошњачкиот. Според градоначалникот Боше Милошески, соживотот во Македонија е многу битен.
- Соживотот е битен, зашто ако меѓусебе не се почитуваме, тогаш не ги почитуваме и другите. Ова е доказ дека претседателот Иванов е претседател на сите националности во Република Македонија, рече Милошески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
-

Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
-

Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
