Претседателот Иванов и солунскиот градоначалник Бутарис во посета на Крушево

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис денеска го посетија Крушево.
Солунскиот градоначалник на покана на Школата за млади лидери, што се одржува под покровителство на претседателот Иванов, по седми пат годинава е еден од предавачите на оваа меѓународна школа.
За време на посетата на Крушево, претседателот Иванов и градоначалникот Бутарис се сретнаа со градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчевски, а беа посетени и повеќе културно - историски знаменитости во градот.
- Во поширокиот контекст на мерките за градење доверба меѓу Република Македонија и Република Грција, претседателот Иванов во континуитет остварува средби со разни бизнис и академски делегации, а со цел воспоставување мостови на соработка меѓу македонското и грчкото општество. Целта на овие средби е искористување на можностите за реализација на заеднички проекти од областа на инвестициите, екологијата, унапредување на економската и универзитетската соработка, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.
Македонскиот претседател во ноември минатата година оствари средба со солунскиот градоначалник Бутарис на која присуствуваа претставници на стопанските комори од Република Македонија и Република Грција, претставници од медиумите и универзитетски професори. - Заедничката соработка помеѓу двете општества е доказ дека се возможни решенија за предизвиците кои се пред нас, а нештата кои нè поврзуваат се побројни од оние кои нè разделуваат, изјави претседателот Иванов.
Во оваа насока се и стипендиите за македонските студенти, за мастер студии на Универзитетот Шефилд при Сити Колеџот во Солун, што се доделуваат секоја година под покровителство на македонскиот претседател.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
