Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.
Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници учествуваа во овој свет чин, со молитва и надеж за духовно прочистување.
Сиљановска Давкова, како што информираат од Кабинетот на Претседателката, му честиташе на Мартин Гоџо, кој успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води. Таа му подари Пафта, Невестински колан, од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа.
Во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води, Петар Чакарески, од претседателката како подарок доби Пафта, Невестински колан, од Битола од 19. век, со желба за здравје, радост и благосостојба.

Сиљановска–Давкова истакна дека Богојавление – Водици носи јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, обединувајќи многу генерации верници низ времето.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
