Претреси во Охрид, лишен од слобода дилер на дрога

Вчера околу 21.30 часот во Охрид, пред угостителски објект кај бензинска станица, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид - Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје.
Имено, при извршен преглед кај него и на неговото возило биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи.
По завршување на претресот, А.И. е приведен во Полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
