Претрес во Радовишко, три лица осомничени дека извршиле повеќе кривични дела
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, инспектори од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, со судска наредба, вчера извршиле претрес во дом и помошни простории во село Јаргулица, радовишко, кои се сопственост и ги користат Д.Т.(22), Н.Т.(25) и Б.Т.(44), сите од Радовиш, со престој со с.Јаргулица.
При претресот, во дворот биле затекнати 24 патнички возила, едно товарно возило, едно шлеп возило, три мотоцикли и две каросерии, како и повеќе регистарски таблички. Поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, од Д.Т. биле одземени едно патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, 1.900 евра и 42.000 денари во различни апоени, а од Б.Т. биле одземени пет словенечки сообраќајни дозволи и 4 договори за купопродажба, кои се однесуваат на возила кои во моментот не биле затекнати во дворното место, соопшти МВР.
Од Царинската управа на Д.Т. му е издадена Наредба за непостапување со стоки за 6 патнички возила, за кои било утврдено дека ги немаат платено пропишаните давачки согласно Законот за царина, додека од Државниот инспекторат за животна средина биле констатирани неправилности по Законот за управување со отпад, за што е изречена соодветна санкција. Воедно, од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека Д.Т., Н.Т. и Б.Т. во село Јаргулица вршеле трговија со половни моторни возила без да се регистрирани во соодветниот регистар, за што ќе им биде издадено Решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.
Тројцата биле повикани во Полициската станица Радовиш и со нив биле извршени службени разговори, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење“ по член 278, „царинска измама“ по член 278-а, „фалсификување исправа“ по член 378, како и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО