Претпладне сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево и топло претпладне, а од пладневните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе се задржи топло време со максимални температури малку над просекот за овој период од годината, но во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме, како и со услови за појава на град.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата