Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има локални врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени Целзиусови, а дневните ќе се задржат под нулата
МИА
Ново на Сител
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
-

Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
-

Оризот пред најтешка реколта, оризарите бараат итни мерки
-

Почна изградбата на подземна катна гаража и плоштад во Велес
-

Во тек 2 повици на Министерството за економија вредни 7 мил. денари за подобрување на конкурентноста на компаниите
-

СВР Струмица наоѓа трајно решение за импровизираните дрвосечачки машини
